22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Рома и Спортинг се фаворити, стандардно има многу голови кога игра Ајакс

6027 Олимпик Марсеј – Шахтар (21 ч.)

Драматичен беше првиот меч кога двата тима постигнаа по еден гол во финишот и на крајот заврши 2:2. Олимпик е во резултатска криза и на седум средби во сите натпреварувања не знае за победа.

За Шахтар проблем е што тимот не е во натпреварувачки ритам затоа што овој период украинското првенство не е активно, но гостите барем ќе бидат посвежи. Овој тим игра офанзивно и може да се очекува повторно да има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

6025 Рома – Феенорд (21 ч.)

Овие два ривалина мегдан се трета сезона по ред. Пред две сезони, во финалето на Конференциската лига, Волчицата победи со 1:0 и го освои трофејот. Минатата сезона во четвртфиналето на ЛЕ, Феенорд дома победи со 1:0, а Рома со 2:1, па се играа дополнителни 30 минути во кои италијанскиот тим повторно беше подобар со два постигнати погодоци.

И сега Рома ја има улогата на фаворит затоа што игра на „Олимпико“, но Феенорд во 11 последни средби нема пораз и сигурно нема лесно да се предаде.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.40)

 

6028 Спортинг – Јанг бојс (21 ч.)

Спортинг има 13 победи во последните 14 меча кои ги одигра и е апсолутен фаворит на овој дуел. Португалскиот тим на гости победи со 3:1 и сега само рутински треба да го потврди пласманот во следната фаза.

Јанг бојс нема што да загуби и гостите треба да одиграат отворен дуел без многу калкулации, што е најава за нова средба со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1&3-5 (2.24)

 

6707 Бодо/Глимт – Ајакс (18:45 ч.)

Некогашниот европски првак дома се спасуваше од пораз со два гола во судиското надополнување, а сега мора да брка победа на гостински терен. Неверојатно ефикасно игра Ајакс, кој во 18 од последните 20 меча игра барем со три гола, а ГГ3+ беше на 14 од последните 16 дуели.

И Бодо/Глимт игра офанзивно, а голем успех за норвешниот тим ќе биде ако успее да го елиминира некогашниот четирикратен европски првак.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.55)

 

3001 Торино – Лацио (20:45 ч.)

Меч од заостанатото 21-во коло во Серија А меѓу две екипи кои се речиси израмнети на табелата. Торино одлично игра дома и во 12 меча има само еден пораз, додека Лацио на гостински терен освои 16 бода во 12 дуела.

На последните шест дуела на овие две екипи немало повеќе од два погодоци. Четирипати било нерешено, а двата тима имаат по една победа во овој период.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.80)

- Оглас -

Најнови вести