10.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Рома и Тотенхем ќе покажат дека ја научија лекцијата во Конференциската лига

6036 Баер Леверкузен – Бетис (21 ч.)

Баер Леверкузен влезе во серија лоши резултати и веќе пет меча не знае за победа. Дуелот против Бетис им е посебно битен не само за конечно да се израдуваат, туку дека со три бода ќе бидат речиси сигурни во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Германскиот тим не смее да си дозволи пораз на свој терен, но фактот дека има неуверлива одбрана е најава за меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.06)

 

6035 Динамо Загреб – Рапид Виена (21 ч.)

Изненадувачки делуваше поразот на Динамо на гости во Виена од Рапид пред две недели. Тој неуспех го запали „црвениот аларм“ на хрватскиот тим и вечерва сигурно нема да дозволи нов кикс. Вест хем во оваа група е сигурно прв, а за второто место ќе се борат останатите три клуба.

Затоа Динамо ако сака да остане во Лигата на Европа, ќе мора да брка три бода на „Максимир“, каде што паѓале многу поголеми ривали од Рапид.

Предлог тип: 1 (1.76)

 

6793 Рома – Бодо/Глимт (21 ч.)

Шокантен беше поразот на Рома на гости во Норвешка, кога загуби со 1:6 од денешниот ривал. Римската волчица сега треба да избрише барем дел од тој срам, па не само што победата на домаќините не треба да е доведена во прашање, туку тоа треба да биде на убедлив начин.

Рома во првите две кола даде дури осум гола во ЛЕ и сега треба да се чека ново гол-шоу, но гостите сигурно нема лесно да се предадат, посебно ако се знае дека немаат пораз на последните 18 меча во сите натпреварувања (14 победи и 4 реми).

Предлог тип: 1&4+ (2.45)

 

6798 Тотенхем – Витесе (21 ч.)

Тотенхем го потцени Витесе пред две недели и затоа загуби на гостувањето со 1:0. Сега лондонскиот тим игра на свој терен и едноставно мора да победи ако сака да се врати во игра за едно од првите две места во групата.

Ќе биде брука ако премиерлигашот не ја помине групата во Конференциската лига, па затоа нема дилема дека домаќините ќе победат вечерва. Витесе реално нема многу квалитетна одбрана и тешко дека ќе одигра уште еден перфектен меч во дефанзива.

Предлог тип: 1-1 (1.76)

 

6796 Славија Прага – Макаби Хаифа (21 ч.)

Домаќините се во улога на фаворити, но така беше и пред две недели, па загубија на гостувањето во Израел. Макаби во трите меча од групната фаза даде само еден гол, а веќе има четири бода и е на посакуваното второ место.

Славија сезонава има одличен биланс на свој терен (шест победи во шест меча во домашното првенство и победа во единствениот меч од Конференциската лига).

Предлог тип: 1+I &3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести