Рома играше со двајца фудбалери помалку, па Мурињо го „вработи“ и момчето кое додаваше топки (Видео)

Екипата на Рома успеа да остане непоразена во дуелот против Фиорентина (1-1), иако на теренот имаше двајца фудбалери помалку. Најпрво Зелевски беше исклучен во 64-тата минута, при водство на римјаните од 1-0, а во 87-мата минута директен картон заработи и Ромелу Лукаку. Резултатот во тој момент беше 1-1, а Рома десеттина минути играше со двајца играчи помалку, со оглед на тоа дека натпреварот беше продолжен за седум минути.

Се чини дека во тие моменти клучната улога ја одигра момчето кое беше задолжено да ги додава топките крај аут-линијата. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, во тие моменти на лист ја нацрта тактиката, а момчето беше задолжено да ја однесе кај голманот. На крајот тоа беше и спроведено, па Рома со овој бод успеа да остане на четвртата позиција на табелата.

Португалецот по натпреварот, не се појави на официјалната прес-конференција, а не се појави ниту некој претставник од Рома. За очекување е дека Римската волчица ќе заработи казна од Фудбалскиот сојуз на Италија за ваквото однесување на нејзините претставници.

- Оглас -

Најнови вести