Рома им подготвува одмазда на Каталонците

Рома сака да го ангажира холандскиот напаѓал Мемфис Депај, кој настапува за Лион, и на тој начин да им се одмазди на Каталонците од Барселона за „кражбата“ на Бразилецот Малком, кој пред две лета беше договорен со Волчицата, но во последен момент се премисли и премина во Барса, која му понуди повеќе пари.

Летово Барселона, поточно тренерот Роналд Куман, е загреан за Депај, па римјаните ќе се обидат да им се одмаздат за Малком со тоа што ќе им го купат саканиот Депај. Барселона можеби и ќе се откаже од Депај ако успее да се договори со Лаутаро Мартинес. Претседателот на Лион потврди дека не само Барселона туку и Рома е подготвена да преговара за Депај, кому договорот со францускиот клуб му истекува во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести