Рома има два гола предност против Милан, но и играч помалку по првиот дел (Видео)

Рома има предност од 2:0 по првото полувреме во реванш-дуелот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Милан и се наоѓа пред пласман во полуфиналето.

Росонерите во второто полувреме мора да постигнат три гола за да се изборат за продолженија, а шансите за такво нешто не се минимални бидејќи Рома ќе игра со играч помалку по исклучувањето на Челик.

Головите ги постигнаа Манчини во 12-тата и Дибала во 22-рата минута.

Ливерпул благодарение на голот на Мохамед Салах, води со 0:1 против Аталанта по првото полувреме и во вториот дел мора да даде уште два гола за да се избори за продолженија.

Минимално водство по првиот дел им Вест хем против Баер Леверкузен благодарение на голот на Марко Антонио во 13-тата минута.

Во Лигата на конференции, Фенербахче има предност по првиот дел од 1:0 против Олимпијакос, додека Бриж води со 0:2 на гостувањето кај ПАОК.

- Оглас -

Најнови вести