Рома издржа во Порто, Галатасарај доживеа катастрофа во Холандија

Порто и Рома ремизираа 1:1 во првиот меч од нокаут-фазата за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа. Буквално во последните секунди од првото полувреме Рома поведе со 1:0, а потоа во вториот дел Порто израмни со погодокот на Моура. Во последните 20-тина минути Рома беше со играч помалку, но Порто не успеа да направи целосен пресврт.

Аз Алкмар беше најубедлив и на домашен терен со 4:1 славеше над Галатасарај. Холандскиот тим водеше со 2:1 на полувреме, а откако гостите останаа со играч помалку на стартот од вториот дел, АЗ Алкмар постигна уште два гола за убедлива победа.

Домашниот терен го искористи и Твенте, кој со 2:1 го победи Бодо/Глимт, додека единствено на гости се радуваше романскиот ФЦСБ кај ПАОК (2:1). На чекор од осминафиналето се и Фенербахче и Ајкас, кои убедливо победија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести