6022 Галатасарај – АЗ Алкмар (18.45 часот)
На Галатасарај ќе му треба незаборавна партија и победа од четири гола разлика за да се најде во осминафиналето на Лигата на Европа, со оглед на тоа дека холандскиот тим го доби првиот натпревар со 4-1. Турскиот првак има долга листа на повредени, меѓу кои и напаѓачите Икарди и Мората, па голови ќе се чекаат од Осимен. Галата нема друг избор освен од првата минута да тргне во напад, а тоа може да биде опасно бидејќи ќе се отвори простор за контри на гостите, затоа веруваме дека ќе има погодок во првиот половина час од средбата.
Предлог тип: 1 & 0-29 мин. (2.24)
6023 Рома – Порто (18.45 часот)
Волчицата извлече реми 1-1 на првиот меч во Порто, иако во последните 20-тина минути играше со човек помалку по исклучувањето на Кристанте. Освен Кристанте, поради суспензија ќе го нема ни Салемакерс. Рома е благ фаворит затоа што игра дома, а и европските мечеви им се шанса да се извадат за лошите изданија во првенството. Порто се бори за титула во Португалија, се чини дека Лигата на Европа не им е приоритет. Двата тима имаат серија од три меча по ред со 0-2 гола. Рома на „Олимпико“ нема пораз уште од 2 декември.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.84)
6025 Андерлехт – Фенербахче (21.00 часот)
Фенербахче беше убедлив со 3-0 на првиот меч, па пред Белгијците е пеколно тешка задача, им треба победа барем од четири гола разлика, или три разлика, па да се обидат преку продолженија и пенали. Турскиот тим на чија клупа седи Жозе Мурињо е во подобра форма периодов, но не би имале ништо против и да заврши нерешено или да загубат минимално. Низ историјата, Фенербахче двапати гостувал кај Андерлехт и има една победа и едно реми.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)
6027 Реал Сосиедад – Митјиланд (21.00 часот)
Шпанскиот тим славеше со 2-1 на првиот меч (сите три гола паднаа во прво полувреме) во Данска и не би требало да има проблем околу пласманот во осмифиналето на ЛЕ. Но, ако се опуштат и мислат дека е готово, може да биде опасно. Ќе ги нема Зубименди и Арамбуру, кои се важни играчи за тимот од Сан Себастијан. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, а меѓу единица и двојка пореално е да се радуваат домашните.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.20)
6784 Панатинаикос – Викингур (21.00 часот)
Исландскиот тим победи со 2-1 на првиот меч, па на Панатинаикос не му останува ништо друго освен да оди на победа изразена со повеќе од еден гол разлика ако сака осминафинале во Конференциската лига. Викингур водеше со 2-0 на првиот меч до 90-тата минута, а Зелените детелинки од Атина од пенал во судиското продолжение намалија и се спасија од уште поголеми маки. Вечерва приказната ќе биде поинаква, познато е дека грчките тимови бодрени од публиката играат многу подобро дома. Исландската лига не е во тек, па Викингур е поодморен, но и не е во топ натпреварувачки ритам, иако тоа не им пречеше пред една недела.
Предлог тип: Т1 2-3 (1.98)