14.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Рома ќе го убедува Клаудио Раниери да остане уште една сезона

Долгата низа на позитивни резултати под водство на искусниот Клаудио Раниери очигледно ја вратија Рома на вистинскиот пат. Неговото искуство и тактичка флексибилност повторно го направија клучна фигура во клубот, иако првично беше замислен како краткорочно решение.

Ако Волчицата од Рим продолжи со вакво темпо, не само што ќе обезбеди европски фудбал, туку и ќе има сериозна шанса да направи подвиг во Лигата на Европа. Дуелот со Атлетик Билбао нема да биде лесен, но со моменталната форма, Рома сигурно ќе биде конкурентна за пласман понатаму.

Прашањето што е во фокусот во Италија е дали Клаудио Раниери ќе се согласи да остане уште една сезона. Со оглед на поддршката од навивачите и играчите, можеби клубот ќе успее да го убеди. Тој се согласи да ја води Рома до крајот на оваа сезона, но одличните резултати налагаат и продолжување на соработката.

- Оглас -

Најнови вести