3615 Рома – Аталанта (20:45 ч.)
Рома игра очајно сезонава, додека Аталанта продолжува во ист стил веќе неколку сезони и е меѓу најдобрите во Серија А. Римската волчица има само 13 бода, а тоа се само два повеќе од Комо, кој е во зоната за испаѓање.
Тоа значи дека Рома е под притисок да мора да освојува бодови на свој терен, па макар и за ривал да има една од најсилните екипи. Аталанта е тимот со најдобар напад и во просек постигнува речиси три погодоци по меч.
Тимот од Бергамо има 10 победи и едно реми во последните 11 средби во сите натпреварувања и сигурно и на „Олимпико“ ќе атакува на триумф.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
1310 Севилја – Осасуна (21 ч.)
Само со 18 бода од 14 меча, Севилја е дури на 12-тото место во шпанското првенство и секако дека кога игра на свој терен, освојувањето на бодови е приоритет. Осасуна е тим кој во последните шест меча со Севилја има две победи и четири ремија, што значи дека тимот од Памплона е со позитивен билас во последните пресметки.
Севилја има проблеми со реализацијата, што може да е најава на пресметка со мал број голови.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)
2806 Копенхаген – Нордсјиланд (19 ч.)
Копенхаген со победа ќе се врати на првото место на табелата во првенството на Данска, но против себе има ривал кој може да биде опасен. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал и имаат дадено по 29 гола во 16 кола, но знаат да имаат и слаба одбрана, посебно Нордсјиланд.
И традицијата вели дека треба да има погодоци. На последните 11 меѓусебни дуели секогаш имало барем по два погодока. Дестпати било гол-гол, а дури шестпати ГГ4+.
Предлог тип:ГГ4+ (3.00)
1543 Порто – Каса Пија (21:30 ч.)
Порто е под голем притисок да победи затоа што во последните четири меча во сите натпреварувања има едно реми и три порази. Навивачите на Порто веќе протестираа, што значи дека сега едноставно не е дозволен кикс на фаворитот.
Каса Пија е во одлична форма и има три победи и две ремија во последните пет меча, но кога ривал им е Порто, речиси сигурно губат.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.03)
2436 Оцелул – ФЦСБ (19:30 ч.)
Кога играат овие два клуба меѓу себе, головите се реткост, па не случајно на последните шест пресметки секогаш имало максимум два погодока. Оцелул има само една победа во последните 11 средби, на 11 од последните 13 дуели игра со максимум два гола.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.76)