Рома ќе ја продолжи серијата победи во Серија А

1310 Вилјареал – Осасуна (21 ч.)

Вилјареал влезе во резултатска криза и на последните четири натпревари нема победа во Ла Лига, загуби од Бетис и Реал Сосиедад, а ремизира со Севилја и Кадиз. Но, во четвртокот во Лигата на конференциите славеше на гости против Австрија Виена со 0:1 и се поправи расположението во тимот. Иако вечерва нема да играат Кокелан и Морено, се очекува Жолтата подморница да тргне офанзивно од првата минута.
Осасуна исто така се наоѓа во лоша серија, три натпревари не знае за триумф во Ла Лига и забележа два порази на домашен терен, но има и реми со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.11)

3009 Сампдорија – Рома (18.30 ч.)

Рома оствари победи на последните два натпревари во Серија А и се врати во игра за највисок пласман. Победите над Интер и Лече, како и ремито со Бетис во Лигата на Европа се доказ дека Рома и покрај тоа што не може да смета на повредените Челик, Дарбо, Дибала, Вајналдум, Карсдорп, е доволно квалитетна за да се справи со фенерџијата во Серија А, Сампдорија, која на девет натпревари освои само три бода.
Традицијата покажува дека натпреварите меѓу овие два тима не изобилуваат со многу голови, на последните 10 меѓусебни пресметки, само на еден натпревар имало повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.00)

1927 Тун – Ивердон (20:15 ч.)

Мечот меѓу Тун и Ивердон е дерби-пресметка во Челенџ лигата, второто по квалитет швајцарско натпреварување. И двете екипи играат ефикасно сезонава, Тун има гол-разлика 17:17, а Ивердон е уште поефикасен и има 21:21. Во последните девет натпревари, дури на осум биле постигнати три или повеќе голови.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.74)

1958 Анкарагучу – Фенербахче (19:00 ч.)

Тимот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, Фенербахче, се наоѓа во одлична форма и на последните четири меча во турската Супер лига има три победи и едно реми и постигна дури 12 гола. Во добра форма е и Анкарагучу, која има две победи во последните три кола. Квалитетот, но и традицијата се на страната на Фенербахче, кој со евентуална победа би се искачил на второто место на табелата.

Предлог тип: 2 (1.73)

2806 Силкеборг – Рандерс (19 ч.)

Мечот меѓу Силкеборг и Рандерс е второто дерби во данската Суперлига во 13-тото коло, по тоа меѓу Брондби и Копенхаген, кое заврши без победник. И двете екипи играат добро на почетокот од сезоната и имаат идентична гол-разлика по 12 кола, 19:14. Првата пресметка сезонава заврши со триумф на Рандерс од 3:2. Но, Силкеборг на домашен терен игра добро и се очекува да ја искористи мини-кризата на Рандерс, кој врза два порази по ред.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести