Ќе има голеада на дуелот меѓу Столе и Барди, Рома е фокусирана на финалето во Конференциската лига

3615 Торино – Рома (Серија А Италија, 20:45 часот)

Гостите од Рим ќе бидат фокусирани на финалето од Конференциската лига во среда, каде што за противник ќе го имаат Феенорд.

Иако и вечерва пред екипата на Жозе Мурињо навистина е важен меч, сепак мала е веројатноста дека Фиорентина и Аталанта ќе победат во своите натпревари, со оглед на незгодните противници.

Торино е незгоден пред своите навивачи, но можеби најдобрата варијанта за оваа средба е да се одигра чиста „нула“.

Предлог тип: Х (3.40)

 

1301 Рајо Валјекано – Леванте (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Дуелот на двата македонски репрезентативци, Столе Димитриевски и Енис Барди, ќе нема никакво резултатско значење.

Рајо Валјекано со Столе го обезбеди опстанокот, додека Леванте со Барди во следната сезона ќе игра во Сегунда. Четири од последните пет средби кога Рајо е домаќин, излегуваат ГГ&3+ и не гледаме зошто тоа така да не биде и вечерва.

Квотата од 1.77 вреди да се одигра бидејќи е една од најсигурните од денешната понуда.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.75)

 

1902 Хартберг – Рид (Бундеслига Австрија, 19:00 часот)

Овој меч од австриската Бундеслига е особено интересен за обложување. А тоа го велиме поради фактот дека на последните три средби кога Хартберг е домаќин, конечниот исход завршувал 1:1.

И на двете екипи потребни им се бодовите во тешката битка за опстанокот, но според квотите, фаворитската улога ја има гостинскиот тим. Сепак, ние ќе се одлучиме за варијантата којашто изгледа најсигурно, а таа е двата тима да дадат по еден гол.

Преглог тип: ГГ (1.87)

 

2701 Хонка – Илвес (Вејкаус лига Финска, 17:00 часот)

Кога играат овие две екипи, головите и возбудувањата не изостануваат, особено кога Хонка ќе настапи пред своите навивачи.

Сите пет последни средби завршиле ГГ, додека во четири наврати сме гледале и ГГ&3+, а такво нешто прогнозираме и попладнево. Хонка исто така на последните пет средби на домашен терен против останатите екипи игра ГГ, па и ГГ& 3+, додека тоа важи и за Илвес на гости.

Иако двете овие варијатни изгледаат одлично и нема да погрешите што и да одиграте, ние ќе пробаме со сосем друга.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.97)

 

1277 Дери сити – Дандалк (Премиер лига Ирска, 20:45 часот)

Додека останатите европски шампионати полека ја завршуваат сезоната, во Ирска таа дури сега се разгорува. Дандалк му гостува на Дери сити во една од најголемите дерби-средба од оваа држава.

Според коефициентите, фаворитската улога ја имаат домаќините, но ако се погледне меѓусебната историја, особено гостинската на Дандалк против Дери, тогаш навистина ќе се зачудите.

Последниот ирски тим којшто излезе во Лигата на Европа против Дери на гости не знае за пораз на четири од последните пет дуели, а неретко гледаме и голем број погодоци.

Предлог тип: X2&2+ (3.00)

- Оглас -

Најнови вести