Рома ги прекина преговорите со дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен. Калчолигашот пред неколку дена постигна договор со европскиот првак околу ангажман на Хрватот, но во последен момент Римската волчица одлучи да не го доведе поради дополнително поставените услови од страна на агентот на Ловрен.
Иако Ловрен првично се согласи на помала плата од онаа која ја заработува во Ливерпул, неговиот агент побарал дополнителни еден милион евра да му бидат платени во бонуси, услов кој Рома нема намера да го исполни. Искусниот стопер требаше да биде позајмен на Рома за оваа сезона, а потоа целосно да го откупат неговиот договор.
Инаку, Ловрен беше отсутен од списокот на Ливерпул за Суперкуот на УЕФА, дуел кој Црвените го добија на пенали против англискиот ривал Челзи.