Џанлука Манчини, фудбалерот на Рома, при еден воздушен дуел, се здоби со исеченица на десната страна од лицето и веројатно не забележа дека има крв, па продолжи да игра на синоќешниот меч со Удинезе, кој Волчицата го доби со 1-0.
Крвта толку се разлеа по лицето на Манчини, што изгледаше како тој да има крвава маска на лицето. Набрзо на фудбалерот му беше укажана лекарска помош и тој успеа да го доигра натпреварот.