Рома му подари победа на Лацио во дербито на Вечниот Град (Видео)

Лацио ја победи Рома во големото дерби на Рим, и тоа минимално со 1:0. Фелипе Андерсон беше стрелец на единствениот гол на „Олимпико“ за голема радост на гостинските навивачи.

Педро агресивно реагираше врз еден од дефанзивците на Рома, успеа да ја освои топката, асистираше до Андерсон, кој без многу проблеми го совлада голманот на домашниот тим.

Ова не е првпат Рома сезонава да прима голови на свои грешки. Волчицата е тимот кој е водечки кога се работи за киксови по кои примиле гол. Ова беше четврти пат да ја вадат топката од нивната мрежа по сопствена грешка.

Со оваа победа Лацио стигна до 27 бода и се искачи на третото место на табелата, веднаш зад лидерот Наполи со 35 и вториот Милан, кој има 29 бодови. Рома остана на 25 бодови и на петтото место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести