Рома на срамен начин го избегнува Тоти

По подолго време Франческо Тоти викендов се појави на „Олимпико“ за да ја гледа неговата Рома во победата од 2-1 над Милан. Принцот дојде како гостин на директорот на италијанскиот Олимписки комитет, на стадион се појави неколку минути пред почетокот на мечот, а си замина пред финишот. Тоти беше настрана од челниците на клубот бидејќи нема комуникација со нив, а ниту се поздрави.

Раководството на Рома беше известено за неговото присуство, па тие се погрижија да го сокријат од навивачите. Следно беше ниту една камера да не снима кон Тоти со цел да не се појави на големите екрани и да предизвика еуфорија кај публиката.

Навивачите на Рома застанаа на негова страна кога Тоти ја напушти директорската позиција по крајот на минатата сезона и речиси секој натпревар кој Волчицата го игра на домашен терен, од трибините на најверните се слуша неговото име, како и навреди кон управата за начинот на кој се разделија со нивниот миленик.

 

- Оглас -

Најнови вести