Фудбалерите на Рома со нова победа најавија дека не се откажуваат од врвот во италијанската Серија А, па со триумфот над Сасуоло дојдоа на само три бода заостанување позади лидерот Интер, иако „волчицата“ има и два натпревари повеќе.
Сасуоло веќе ѝ стана редовен муштерија на Рома, со оглед на фактот дека ова за „римската волчица“ беше четврта победа по ред над денешниот противник.
Победата за Рома беше обезбедена во период од само три минути, од 76-тата до 79-тата, кога најпрво Коне, а потоа и Суле, го најдоа патот до мрежата на противникот.

