Рома не успеа да стигне до победа против Монца

Рома беше подобар тим, но не успеа да слави победа (1-1) на гостувањето кај Монца. Тимот на Иван Јуриќ имаше водство, со голот на Артем Довбик во 61-та минута, но не успеа да го задржи.

Дани Мота постигна гол во 70-тата минута, го израмни резултатот на 1-1 и донесе важен бод за својот тим во битката за опстанок.

Ова е четврто реми за Рома оваа сезона во Серија А и сега се наоѓа на деветтата позиција со 10 освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести