Рома нема да ја пропушти шансата за хет-трик победи

3006 Рома – Сампдорија (18.30 часот)

Рома, која се бори за излез во Европа, врза две победи по ред во претходните две кола и има убава прилика за нов триумф. И Самп имаше сличен пат во претходните четири кола, по два порази како и Рома, има победа и реми во последните две рунди и засега е на безбедни девет бода од зоната на испаѓање. Волчицата во досегашните 18 кола има само еден нерешен резултат и традицијата најавува дека нема да биде реми. Сампдорија има серија од шест меча на кои и дава и прима гол.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)

 

1303 Гранада – Атлетико Мадрид (19.00 часот)

На прв поглед, актуелниот шпански првак е голем фаворит. Јорганџиите имаат 10 бода повеќе од домаќинот, но Атлетико има серија од три лигашки порази по ред, нешто што првпат им се случува со Симеоне на клупата, а Гранада во последните четири кола има по две победи и ремија, па почнува да им бега на загрозените тимови. Кај Атлетико се повредени Савиќ, Љоренте и Гриезман, додека кај Андалузијците листата на отсутни е подолга и на неа се и суспендираните Кини и Гоналон. Гранада дома никогаш не го победила Атлетико и никогаш не им дале повеќе од еден гол.

Предлог тип: Т1 1+ (1.79)

 

3009 Емполи – Милан (20.45 часот)

Емполи е меѓу пријатните изненадувања сезонава, се држи на деветто место со 12 бода помалку од Милан, кој е трети. Емполи во последните шест кола не знае за пораз (четири победи и две ремија), а Милан уште го боли поразот од Наполи во неделното дерби. Милан веќе е четири бода зад Интер и мора да им се врати на победите ако сака титула. Нападот на Росонерите не е толку убиствен без Ибрахимовиќ и Ребиќ, мора да најдат начин како да постигнат гол(ови) во Емполи. Последните три победи на Милан беа на мечеви на кои не примаа гол.

Предлог тип: 2 (1.87)

 

1708 Бордо – Лил (21.00 часот)

Првакот Лил нема пораз уште од 29 октомври, но моментно е дури 11-ти на табелата во француската лига, додека Бордо конечно победи во минатото коло и сега е на два бода над зоната на испаѓање. Жирондинците имаат дури 8 нерешени игри сезонава, со што се рекордери во лигата, а Лил има седум ремија во 18-те кола. Проблем на Бордо е одбраната, тие се тим со најмногу примени голови, 40 пати ја вадеа топката од мрежа.

Предлог тип: Т2 2+ (1.67)

 

1702 Лион – Мец (21.00 часот)

Лион е 13-ти на табелата, но има и меч помалку, кој ако го добие, би скокнал пет-шест места погоре. Мец уште е во зоната на испаѓање, но има две победи во последните четири кола и како да излегува од криза. Лион е голем фаворит на хартија и редно е да ја извојува својата прва победа по пауза од речиси еден месец, иако реми не би било сензација. Мотив плус за Лион треба да биде што во минатата сезона, тоа се случи во јануари годинава, загубија дома од Мец.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести