Рома славеше убедливо против Калјари со конечни 3-0 во мечот од 34-тото коло во Серија А. „Римската волчица“ се врати во трката за едно од четирите места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, направи подвиг од четвртото место поминувајќи ги Милан и Аталанта.
Домаќините беа решени уште во воведните минути да ги осигураат трите бода, па така за помалку од 10 минути Рома поведе со 2-0 со головите на Фацио и Пасторе. За конечниот резултат и решавање на сите дилеми, погоди искусниот Коларов во 86-тата минута.
Рома сега има 58 бода, два повеќе од Милан и Аталанта кои допрва треба да ги одиграат средбите од ова коло. Кајлари со 40 бода останува на 10-тото место, по претрпениот 14-ти пораз сезонава.