16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Рома останува без Дибала, влегува во трка за потписот на Кјеза

Барселона мора прво да го регистрира Дани Олмо пред да ги продолжи разговорите со Јувентус и Федерико Кјеза, а од Италија доаѓаат информации дека Рома останува заинтересирана за италијанскиот крилен напаѓач, особено по продажбата на Пауло Дибала.

Се очекува Кјеза да го напушти Јувентус летово бидејќи не е дел од плановите на тренерот Тијаго Мота. Тој сака да игра во Лигата на шампионите и Барселона му е одлична можност.

Барса наводно веќе ги има договорено личните услови со Кјеза, но Јувентус ќе треба да ја намали бараната цена од 15 милиони евра.

Сепак, и Рома внимателно ја следи ситуацијата бидејќи Дибала официјално ќе се приклучи на Ал-Кадсија. Ако Барселона набрзо не го регистрира Олмо, Рома ќе има шанса да го убеди Кјеза да се пресели на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести