Рома покажува зошто го има Мурињо за тренер, победа со омилениот резултат на Португалецот

Рома стигна до многу значајна победа, откако минимално со 1:0 славеше на гостински терен кај Торино. Пауло Дибала беше играчот кој го реши победникот. Во 7 минута беше досуден пенал за гостите, а аргентинскиот гогетер биеше прецизно за 1:0.

На крајот се покажа дека токму голот на Дибала ќе биде решавачки за трите бода да завршат на контото на Римската волчица. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш потврди дека знае да постави одбрана која противникот не може да ја пробие, посебно кога неговиот тим во раната фаза ќе стигне до предност.

Со оваа победа Рома стигна до 53 бодови и сега се искачи на третото место на табелата, „прескокнувајќи“ ги миланските ривали Интер и Милан, кои вчера киксираа и освоија само еден бод во дуелите со Емполи и Салернитана.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести