Екипата на Рома чекаше четири години за го победи Наполи и успеа во тоа вечерва, откако со 2-0 го совлада актуелниот шампион на Италија. Наполи сега е на -17 поени од лидерот Интер и не само што може да се збогува со титулата, туку до крајот на првенството и грчевито ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите, но и воопшто во европските фудбалски купови.
Резултатот го отвори Лоренцо Пелегрини во 76-тата минута, а конечните 2-0 ги постави Ромелу Лукаку во 96-тата минута.
Сепак, Наполи мечот го заврши со двајца играчи помалку на теренот, откако Матео Политано во 66-тата минута заработи црвен картон, а во 86-тата минута исклучен беше и Виктор Осимен.