Рома постигна договор со Манчестер jунајтед за ангажирање на Џејдон Санчо. Трансферот ќе изнесува вкупно 22 милиони евра. Понудата на римскиот клуб е за позајмица со клаузула за задолжителен откуп.
Сега римјаните преговараат за личните услови на играчот, а нивната понуда е за договор до 2030 година.
Имаше интерес за Санчо и од турскиот гигант Бешикташ, но играчот нема желба да игра во Турција. Јувентус сакаше да го доведе минатото лето, но сега нема да прави обиди да го ангажира.
Минатата сезона Санчо играше на позајмица во Челзи. Во договорот меѓу Манчестер јунајтед и Челзи имаше задолжителна клаузула за откуп, но клубот од „Стемфорд бриџ“ не ја искористи, туку плати дополнителна компензација.