Рома промашуваше и Мурињо се нервираше – Бодовите од Салерно сепак отпатуваа за Рим (Видео)

Рома почна со победа во новата сезона од која очекува многу во Серија А и со голот на Брајан Кристанте ја победи Салернитана со 1:0.

Во Салерно популарната Римска Волчица се изнапромашува во првото полувреме, а сепак поведе со 1:0 со голот на Кристанте во 33-тата минута.

Salernitana 0 – [1] AS Roma – Bryan Cristante 33′ from soccer

Жозе Мурињо се нервираше по утките на Пауло Дибала, кој имаше две чисти шанси за гол во првиот дел, а гостите може да постигнат уште некој гол, но не ги користеа шансите.

Сепак, новиот шампионат во Италија го почнаа со победа, а во ист термин вечерва од 20.45 часот Специја го победи Емполи исто така со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести