Рома освои само бод на свој терен против Венеција која е последна во Серија А, и одигра 1-1 во вечерашниот меч на „Олимпико“, иако фудбалерите на Волчицата кон гостинскиот гол упатија дури 46 шутеви, додека Венеција шутна четири пати.
Голот падна во 76-та минута кога целта ја погоди Елдор Шомуродов, а тоа беше погодок за изедначување, откако Венеција поведе со гол после само 48 секунди игра, а од 32-ра минута аутсајдерот играше и со човек помалку.
Рома немаше ни среќа вечерва, четири пати ја погодуваа пречката или стативата.