Рома прва треба да даде гол, одлични се квотите во Специјалниот сингл

Дуел меѓу четвртиот на табелата во италијанската Серија А, против четвртиот во шпанското првенство. Рома ја има предноста на домашен терен, а во корист на Римската волчица може да биде слабата форма во која се наоѓа нивниот денешен ривал. Сосиедад има само една победа во последните седум меча во сите натпреварувања, а на пет од овие дуели воопшто не успеа да постигне погодок.

Тоа значи дека реално е да се бара стрелецот на првиот гол од редовите на Рома. Абрахам, Дибала и Белоти се главните адути на калчолигашот, а примамливи се квотите да се погоди кој прв ќе даде гол.

Ако се знае дека двете екипи негуваат дефанзивен фудбал, можно е за првиот гол да се чека дури и во второто полувреме, а квотите за такво нешто се одлични. Тука се и стандардните игри за Специјалниот сингл, а тоа е дали ќе има пенал или црвен за една од екипите. Комбинација пенал за Рома и црвен картон за Сосиедад носи квота девет.

Тука се и статистичките игри за тоа колку вкупно удари во рамките на голот ќе има како и можноста да се погоди бројот на изведен корнери, добиени жолти картони, фаули или офсајди.

- Оглас -

Најнови вести