Серијата без пораз на Рома во Серија А заврши после 19 натпревари и тоа се чини во незгоден момент, кога „волчицата“ брка пласман во Лигата на шампионите. За Клаудио Раниери и неговите избраници ова е прв првенствен пораз во 2025 година.
Аталанта во Бергамо славеше со 2-1, што беше доволно за официјално да го потврди третото место на табелата и пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.
Адемола Лукман ги донесе домашните во водство во деветтата минута, но Брајан Кристанте израмни во 32-рата минута.
Голот за победа на Аталанта го постигна Ибрахим Сулемана во 76-тата минута.
Аталанта на две кола пред крајот на Серија А е на третата позиција со 71 бод, по седум повеќе од Јувентус и Лацио на четвртото и петтото место, додека Рома останува шестта со 63 поени.