Рома сака да го направи Конте еден од најплатените тренери во свет

Италијанскиот калчолигаш Рома сака да го доведе Антонио Конте за тренер на „Олимпико“. Според најавите, Римјаните на славниот тренер му дале понуда вредна 9,5 милиони евра по сезона. Оваа сума ќе го направи Конте еден најскапоплатените тренери во светот, но стратегот не сака веднаш да се залета и бара одредени гаранции.

Конте побарал гаранција дека ќе добие доволно пари за да направи тим со кој ќе може да му конкурира на Јувентус во трката за титулата во Серија А, но и функцијата спортски директор на клубот да му припадне на неговиот близок соработник Џанлука Петрачи.

Конте има три титули како предводник на Јувентус, а последен пат беше тренер во Челзи, со којшто го има освоено англиското првенство и ФА купот.

Рома сезонава останува без трофеј, а нејзиниот градски ривал Лацио вечерва ќе се бори за пласман во финалето на Купот на Италија. Лацио гостува кај Милан во реванш-дуелот од полуфиналето. Првиот меч во Рим заврши без погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести