14.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Рома се сопна на патот кон Лигата на шампионите

Рома ремизираше без голови на гостувањето кај Сасуоло во мечот кој се одигра во рамките од 37-то коло во Серија А. Избраниците на Клаудио Раниери трагаа по победа со која би ги зголемиле шансите да се пласираат во Лигата на шампионите за следната сезона, но со ова реми ризикуваат да не ја остварат својата цел.

Рома сега има 63 бода и е на петтото место, зад нив е Милан со еден бод помалку, но Росонерите допрва треба да одиграат меч против Фросиноне. Четвртото место од Рома е оддалечено два бода, кое припаѓа на Аталанта, а тимот од Бергамо утре гостува кај шампионот Јувентус во обид да обезбеди историски пласман во европската елита.

Рома сега треба да се надева на неуспех на Милан и Аталанта, па во последното коло да си ја одредат судбината.

- Оглас -

Најнови вести