Рома со 36 отсто посед на топка и сомнителен пенал, победи во Венеција (Видео)

Победата на Рома од 1-0 на гостувањето кај Венеција, предизвика контроверзи во Италија, поради две спорни судиски одлуки во полза на Волчицата.

Рома која има низа од осум меча по ред без пораз, денеска победи благодарение на, за некои, сомнителен пенал направен над Анхелињо, а реализатор беше Пауло Дибала и ова е втора победа по ред за Рома во Серија А до која доаѓа благодарение на пенали.

Тимот на тренерот Клаудио Раниери имаше само 36 отсто посед на топка, но ја имаше среќата на своја страна во ситуација кога судијата можеше да покаже пенал и за Венеција, но не се огласи по играњето со рака на играч на Рома во својот 16-ник.

- Оглас -

Најнови вести