Рома со гол во 90-тата минута се спаси од брука на „Олимпико“

Италијанскиот калчолигаш Рома се намачи, но на крајот успеа да обезбеди место во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА. Римската волчица на свој терен одигра 1:1 против Витесе и благодарение на победата од 1:0 во првата средба на гости, тимот од главниот град на Италија е во следната фаза.

Рома беше голем фаворит во овој двомеч, но Витесе изненадувачки поведе на „Олимпико“ со голот на Витек во 62-рата минута. Со овој гол, холандскиот тим всушност стигна до вкупни 1:1. Кога се очекуваше дека мечот ќе заврши со 0:1 по 90 минути и дека ќе мора да се играат дополнителни 30 минути, се случи голема радост за домаќините.

Тами Абрахам со гол во 90-тата минута донесе 1:1 за Рома и го спаси тренерот Жозе Мурињо и неговите соиграчи од можна елиминација во Конференциската лига.

Резултати од денешните мечеви во Конференциската лига: АЗ Алкмар – Бодо/Глимт 2:1, Базел – Марсеј 1:2, Копенхаген – ПСВ 0:4, Рен – Лестер 2:1, Феенорд – Партизан 3:1, Гент – ПАОК 1:2, ЛАСК – Славија Прага 4:3.

Во четвртфиналето на Конференциската лига ќе играат: Бодо/Глимт, Марсеј, ПСВ, Лестер, Рома, Феенорд, ПАОК и Славија Прага.

- Оглас -

Најнови вести