Рома со огромна понуда ќе се обиде да го привлече Карло Анчелоти

Семејството Фридкин кој е сопственик на фудбалскиот клуб Рома, се обидува да го убеди Карло Анчелоти да стане тренер на римската Волчица следната сезона.

Рома сезонава смени тројца различни тренери (Де Роси, Јуриќ и Раниери) и далеку е од борбата за местата во Лигата на шампионите, па сака да направи бум во следната сезона, исто како во 2021 година кога го зеде Жозе Мурињо, за почеток на нов проект.

Овојпат избраниот тренер е Карло Анчелоти. Американските газди лично се обидуваат да го убедат Карло да го прифати предлогот кој е амбициозен и економски и спортски.

Рома е клубот во кој Анчелоти најдолго играше (осум години) како фудбалер, но не бил тренер на клубот со кој освои и една титула во Серија А.

Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид е до летото 2026, и постојат неколку опции за Италијанецот како останување до крај на договорот со Реал, пензионирање, или преземање на Рома.

- Оглас -

Најнови вести