Рома успеа да го добие дербито на плеј-офот од Лигата на Европа против Порто и да се пласира во осминафиналето, откако во Рим победи со 3-2. Првиот меч во Португалија заврши нерешено, 1-1, а Порто вечерва имаше 0-1 со голот на Саму во 27-мата минута.
Сепак, тогаш на сцена стапи одличниот Пауло Дибала и со два гола во 35-тата и 39-тата минута направи комплетен пресврт. Победата на Рома ја потврди Николо Писили 83-тата минута. Конечните 3-2 ги постави Девин Ренш со автогол во 96-тата минута.
Балканската пресветка помеѓу ФЦСБ и ПАОК и по вторпат ѝ припадна на екипата од Букурешт, која вечерва победи со 2-0 и заслужено обезбеди пласман во осминафиналето.
АЗ Алкмар со реми, 2-2, во Истанбул против Галатасарај се пласира во осминафиналето, откако на првиот меч победи со 4-1.