Рома стравува за местото кое води во Лигата на конференции

Рома влезе ово лоша серија од четири меча без победа во Серија А по претрпениот пораз од 2-0 на гостувањето кај Сампдорија вечерва.

Римската Волчица сега стравува за седмото место кое води во новото натпреварување на УЕФА, европската Лига на конференции, бидејќи Сасуоло е само два бода негатива на четири кола до крајот на шампионатот во Италија.

Пред паузата Силва ефектно погоди за 1-0 во корист на тимот на Клаудио Раниери, додека Јанкто во 66-тата минута го постави конечниот резултат на „Луиџи Ферарис“. Џеко промаши пенал во 72-та минута со кој можеше да ги врати гостите во игра, по што поразот беше неизбежен.

- Оглас -

Најнови вести