25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Рома треба да победи како знак дека е спремна за новата сезона

Фрозиноне – Рома (18 ч.)

Фрозиноне е тимот кој малку фалеше да се врати во Серија А во новата сеозна, но не успеа да го добие финалниот двомеч против Сиена. По двата дуели, резултатот беше 1:1, а Сиена се пласираше во елитата само поради тоа што имаше подобар пласман во регуларниот дел од Серија Б.

Рома четирипати играла со овој ривал во Серија А и Волчицата победила на сите четири средби. Рома во просек му дава по три гола на Фрозиноне, но фактот дека ова е пријателски меч, може да послужи повеќе за тест, но секако дека тимот од Рим треба да победи.

Предлог тип: 2 (1.48)

 

Пјаченца – Сампдорија (20:30 ч.)

Пјаченца некогаш беше член во Серија А, а сега е дел од третата лига во Италија. Речиси 20 години овие екипи не играле меѓу себе, а интересно е дека Пјаченца има четири победи во последните пет меча. Сепак, традицијата тука нема да има улога и Сампдорија ќе слави убедлива победа.

Предлог тип: 2&3+ (1.67)

 

Кадис – Алмерија (19:30 ч.)

Кадис со одлична игра во минатата сезона успеа да избори место во Примера дивисион, додека Алмерија остана да биде дел од Сегунда дивисион. Домаќините едноставно треба да докажат дека имаат квалитет за борба во елитното друштво. Алмерија има проблеми со нападот и во последните пет меча има дадено само еден гол.

На последните два меча на овие два тима, Кадис победувал со идентични 2:1, па и сега се очекува да има голови во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

Фуенлабрада – Хетафе (20 ч.)

Најголемиот губитник во втората шпанска лига за минатата сезона е Фуенлабрада. Тимот кој во последното коло не требаше да загуби за да игра плејоф за влез во елитната, беше поразен од Депортиво Ла Коруња, која беше испадната во трета лига.

Хетафе има очајни резултати по враќањето на терен во ерата на корона-вирусот и во 13 средби има само една победа. Овој меч е одлична шанса за тимот од Мадрид да се врати на победите како најава за успешна сезона во Примера.

Предлог тип: 3+ (1.51)

 

Макаби Хаифа – Железничар (19 ч.)

Дуел од квалификациите за Лигата на Европа кој требаше да се игра пред 10-тина дена, но беше одложен поради корона-вирусот во таборот на гостите. Тимот од БиХ речиси и да нема вистински тренинзи во последниве денови, кога повеќе беа преокупирани со опасниот вирус, но сепак се вратија во Израел да го одиграат дуелот.

Реално домаќините се големи фаворити, а истоштените играчи на Железничар треба да одиграат за својата чест и да се обидат да направат изненадување, кое во фудбалот секогаш е можно.

Предлог тип: 1-1 (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести