21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Рома тргна по потписот на Елмас и сака да го искористи одолговлекувањето на Наполи

Екипата на Рома повторно е во игра за потписот на Елиф Елмас и ќе се обиде во самиот финиш од преодниот рок да го искористи одолговлекувањето на Наполи.

Желбата на нашиот фудбалер е да се врати во Наполи, но Рома има далеку подобра тактика од актуелниот шампион на Италија. Наполи нуди позајмица за една сезона со незадолжителен откуп, додека Рома планира да понуди задолжителен откуп на крајот од оваа сезона.

Тренерот на „римската волчица“, Пелегрини, во Елмас гледа идеално решение за левата крилна позиција во нападот, позиција на која требаше да пристигне Џејдон Санчо од Манчестер јунајтед, но фудбалерот на крајот се откажа од овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести