Рома веќе четири години не знае за победа во Сасуоло

Фудбалерите на Рома ќе ја чекаат следната 2023 година за да се обидат да слават на гости против Сасуоло откако вечерва во рамките на 14-тото коло во Серија , одиграа 1:1.
Римската волчица последен пат славела во Сасуоло во 2018 година (0:1) и оттогаш има еден пораз и четири ремија.

Мечот во Сасуоло се играше како по „нотите“ на Жозе Мурињо, речиси 70-тина минути немаше ниту една сериозна шанса за гол на двете страни, а потоа играчот од средниот ред на Сасуоло, Траоре, очајно шутираше и пропушти да му донесе водство на својот тим.

Казната стигна само три минути подоцна, Манчини нафрли од десната страна, а Абрахам фантастично реагираше во скокот и со глава го матира Консилји за 0:1.
Иако се очекуваше Мурињо да го „паркира автобусот“ пред својот гол, Сасуоло во 85-тата минута благодарение на голот на Пинамонти, дојде до израмнување.

Рома е петта на табелата со 26 бодови, а Сасуоло е на 13-тото место со 16 бодови.
Аталанта влезе во мини-криза откако вечерва го доживеа вториот пораз за четири дена во Серија А. По поразот во дербито со Наполи (1:2), Аталанта сега загуби од Лече со 2:1.

Домаќинот до победата дојде со два „блицкриг“ за 120 секунди. Федерико Баширото погоди за 1:0 во 27-мата минута, а Ди Франческо во 29-тата донесе водство од 2:0. Аталанта единствено што успеа да направи е да намали на 2:1 во 40-тата минута преку Дуван Запата.

- Оглас -

Најнови вести