Рома во финишот го победи Атлетик Билбао, Ајнтрахт подобар од Ајакс

Италијанскиот калчолигаш Рома обезбеди предност од 2-1 против Атлетик Билбао во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа кој се одигра на „Олимпико“. Рома дојде до триумф со голот на Елдур Шомуродов постигнат во 94-та минута од дуелот. Атлетик Билбао поведе со голот на Ињаки Вилијамс од пенал во 50-та минута, а израмни Анхелињо само шест минути подоцна.

Ајнтрахт Франкфурт со 1-2 го победи Ајакс во Амстердам. Броби во десеттата минута обезбеди водство за Ајакс, но Ајнтрахт одговори преку Ларсон во 28-та минута и Шкири во 70-та минута.

Лацио со деветмина успеа да го победи Плзењ на гости со 1-2. Стрелец на победничкиот гол беше Исаксен во 98-та минута, а исклучени беа Ровела и Гиго.

Најубедлив беше Бодо/Глимт кој славеше со 3-0 против Олимпијакос. Каспер Хог беше двоен стрелец, а Цолакис си постигна автогол.

- Оглас -

Најнови вести