Екипата на Рома без многу проблеми славеше на „Олимпико“ во Рим против Пиза, во меч од 32. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Рома сега стигна до 57 бодови, колку што има и петопласиранот Јувентус, но Старата дама утре гостува кај Аталанта во Бергамо. За разлика од Рома, тимот на Пиза останува на дното на табелата со само 18 бодови и само теорија останува овој клуб да се спаси од испаѓање.
Херој на Рома е Дониел Мален, кој постигна хет-трик. Холандскиот напаѓач во средината на јануари пристигна во Рома од тимот на Астон вила и се покажува како одлично засилување. Мален вечерва постигна три погодоци за три бода на Римската волчица.
Мален прво погоди во третата минута за водство од 1:0, а во 43 минута зголеми на 2:0. Сите дилеми околу победникот мален ги реши со погодокот во 52 минута, кога и комплетираше „хет-трик“. Откако работата беше завршена, Мален беше повлечен од игра во 78 минута.
PISA DEFENCE FALLING ASLEEP AGAIN AND AGAIN! DONYELL MALEN BAGS HIS SECOND OF THE NIGHT!https://t.co/fHPS8pBkgo
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 10, 2026
Откако пристигна во Рома, Мален вкупно постигна 11 голови. Ако се погледнат најдобрите пет лиги во Европа, Мален со 11 погодоци е на делба на првото место со Хари Кејн кој во истиот период има постигнати 11 погодоци за Баерн Минхен. Ниту еден друг играч во Топ 5 лигите нема дадено толку многу погодоци во 2026 година.

