3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Рома во јануари ќе го врати Распадори во Серија А

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џакомо Распадори, дал согласност за трансфер во Рома во јануари, пишуваат медиумите на Апенините. Тренерот на италијанскиот тим, Џанпјеро Гасперини, се надева дека ќе може да ги доведе и италијанскиот фудбалер и Џошуа Зиркзе од Манчестер јунајтед.

Дваесет и петгодишниот Распадори му се приклучи на шпанскиот Атлетико минатото лето од Наполи, но сепак дал зелено светло за преговори со Рома околу можен трансфер назад во Италија.

Римскиот клуб работи на засилување на офанзивната линија за време на зимскиот преоден рок и би можело да ангажира двајца играчи во текот на следниот месец, при што како приоритет се посочува доведувањето на Распадори и на Зиркзе.

- Оглас -

Најнови вести