Рома успеа да ремизира 2-2 против Болоња на гости, спасувајќи бод во последните мигови од судиското продолжение. Артем Довбик од пенал во 98-та минута погоди за израмување.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.
Алексис Салемакерс во 58-та минута донесе водство за Рома, но Болоња одговори жестоко и многу брзо.
Тијс Далинга во 61-та минута успеа да го израмни резултатот, а само четири минути подоцна беше досуден пенал за домаќините. Успешен реализатор беше Луис Фергусон во 65-та минута.
Сепак, во судиското продолжение беше досуден пенал и за Рома. Сигурно го изведе Довбик, израмни на 2-2 и освои бод за својот тим.