22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Рома водеше, а навивачите занемеа на „Олимпико“ (Видео)

Рома без многу проблеми со 2:0 славеше над Специја во меч од 17-тото коло во Серија А. Крис Смолинг погоди само по шест минути игра за водство на Римската волчица, а во средината од првиот дел се случи драма, но не на теренот, туку на трибините.

На еден навивач на Рома му се слоши, а потоа доби срцев удар. Брзо реагираа лекарите, кои со помош на дефибрилатор успеаја да го вратат во живот несреќниот навивач, кој подоцна беше однесен во болница.

Од тој момент, најверните навивачи на Рома престанаа да навиваат како почит кон нивниот пријател од трибината. Единствениот навивачи крик се случи во 56-тата минута, кога Ибањес погоди за 2:0 за Рома.

- Оглас -

Најнови вести