Рома ја прекина серијата од три победи по ред и на „Олимпико“ загуби од Интер минимално со 0:1. По овој пораз, Римската волчица остана на 15 бодови колку што имаат и Наполи и Интер.
Бони уште во раната фаза на мечот даде гол за Интер и на крајот тоа се покажа како клучен момент за триумф на Нераѕурите. За Интер ова беше рекордна петта победа по ред на гости кај Рома. Никогоаш претходно во историјата немало период во кој Интер пет пати по ред славел на гости кај Рома.
„Тоа беше ситуација која несомнено го реши натпреварот, но покрај тоа и резултатот, останувам убеден дека со нашата игра ќе се справиме добро. Се обидовме со сè за да израмниме против силен тим на Интер, некои тешкотии беа неизбежни. Имаше некои порази кои ви даваат уште поголема верба и убеденост во вашите способности“, рече тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини.
Стратегот кој летово дојде на клупата на Рома, има 10 порази по ред во дуелите со гигантот од Милано. Едноставно Гасперини нема лек за Интер, но и порај поразот, тој не беше многу разочаран.