Феенорд минимално со 1:0 ја победи Рома во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Матс Вифер во 53 минута беше стрелец на единствениот гол кој донесе триумф на холандскиот тим.
Рома може да жали што загуби затоа што во првото полувреме гостите имаа шанси први да се израдуваат. Беше досуден пенал за Римската волчица, а Пелегрини ја превзема одговорноста да шутира и не успеа да погоди од белата точка.
Едноставно тимот предводен од Жозе Мурињо, на крајот загуби со резултат со кој португалскиот стратег најчесто знае да победува.
Во Конференциската лига, Гент и Вест хем ремизираа 1:1. Гостите од Англија водеа на полувреме со голот на Ингс во 45+3 минута, а Гент израмни во 57 минута, за интересен реванш на реваншот во Лондон.