Познатиот руски милијардер Роман Абрамович би можело да стане еден од најголемите акционери на турскиот првак Галатасарај.
Рускиот олигарх планира да стекне контролен пакет акции во истанбулскиот клуб, станувајќи еден од неговите најголеми акционери. Според извештаите, 58-годишниот Абрамович купил вила на Босфорот и се подготвува да се пресели во Истанбул.
Од 2003 до 2022 година, Абрамович беше сопственик на Челзи, но британските власти го принудија да го продаде клубот по избувнувањето на војната во Украина. Под негово водство, лондонските Сини освоија: пет титули во Премиер лигата, две титули во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, петпати ФА купот, трипати Лига купот и двапати Комјунити шилд.