Романец е најбрзиот фудбалер на ЕВРО 2024

Романскиот репрезентативец Валентин Михаила е најбрзиот фудбалер на Европското првенство досега, објави УЕФА. Тој постигнал брзина од 35,8 км/час.

Михаила е играч на Парма. Тој влезе како замена во првиот натпревар на Романија на финалето против Украина, а потоа беше стартер против Белгија.

На втората позиција меѓу најбрзите се наоѓа друг претставник на италијанскиот фудбал, Дан Ндое од Швајцарија, кој е фудбалер на Болоња. Напаѓачот достигнал брзина од 35,6 км/час.

Малку зад него е Данецот Расмус Хојлунд, напаѓачот на Манчестер јунајтед, со брзина од 35,5 км/час.

- Оглас -

Најнови вести