Кошаркарската репрезентација на Романија во Скопје ќе допатува без двајцата капитени во составот, Андреј Мандаке и Влад Молдавеану. Новиот селектор Тудор Костеску одлучи да не ги вклучува последните двајца капитени во составот кој треба да се пресмета со избраниците на Јорданчо Давитков.
Исто така, Јулијан Орбенау пред извесно време заработи повреда на еден од контролните натпревари, па неговиот настап засега е под знак прашалник.
Комплетниот состав на Романија за дуелот против Македонија:
Дан Лукас Тохатан, Џордан Вотсон, Драгош Дикулеску, Мирел Лав, Јулијан Орбеану, Тудор Георге, Раду Палициуц, Богдан Никулеску, Александру Олах, Емануел Каце, Нандор Куци, Антон Диаконеску.
Средбата е закажана за во недела, 16-ти септември, со почеток од 18:15 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.