37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Романија ги уништи шансите на Македонија за полуфинале

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години го претрпе првиот пораз на ЕХФ шампионатот во Варна откако убедливо со 31:21 загуби од Романија. Романците и пред мечот беа фаворити за победа, па конечниот исход не е изненадување.

Нашите млади ракометари држеа ритам во првите 10-тина минути, кога водеа со 5:4, но потоа Романците со серија од 4:0 стигнаа до 8:5, а на полувреме водеа со 15:11. На почетокот на вториот дел Романија стигна и до 18:11 и веќе беше јасно кој ќе победи.

По три одиграни кола, Македонија има победа, пораз и реми и со три бода е на третото место во групата каде што Швајцарија е лидер со максимални шест бодови, а Романија е втора со четири бода. Украина исто како Македонија има освоено три бода, а Косово е последен без ниту еден бод.

Во полуфиналето место обезбедуваат првите две селекции, што значи дека во последното коло Македонија ќе мора да ја совлада фаворизираната Швајцарија, а Романија да киксне против Украина. Ова сценарио е речиси невозможно, па такви се и шансите на Македонија за влез во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести