Романија го „растури“ Кипар и веројатно ќе заврши пред Македонија во ЛН (Видео)

Репрезентацијата на Романија со 4-1 го победи Кипар на домашен терен и со 15 бода го освои првото место во групата „2“ од дивизијата „Ц“ на Лигата на нации. Во очекување од исходот на прекинатиот натпревар против Косово во Букурешт, веројатно и романците ќе завршат пред Македонија во рангирањето на првопласираните селекции во борбата за бараж за Светското првенство 2026.

Мечот во Букурешт најверојатно ќе биде регистриран со службена победа на Романија од 3-0, со оглед на тоа дека главниот судија и делегатот во извештајот напишале дека Косово не постапиле по наредбата да го продолжат натпреварот, а во најлош случај за романците мечот ќе биде регистриран со 0-0, резултатот кој беше актуелен во моментот на прекинот. И во двата случаи Романија ќе биде пред Македонија.

На вториот натпревар од оваа група Косово со минимални 1-0 ја совлада Литванија, додека двата меча во групата „3“ завршија нерешено. Таму првопласирана е Северна Ирска со 11 бода, откако вечерва одигра 2-2 со Луксембург и најверојатно ќе биде единствената селекција победник на група во дивизијата „Ц“ која ќе биде позади Македонија на листата на чекање за бараж.

- Оглас -

Најнови вести