3.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Романија и Шведска ќе си дадат гол, Бразил нема да загуби од Аргентина

Романија – Шведска (20:45 ч.)

Дуел на екипи кои директно се борат за второто место во групата и пласман на ЕП 2020. Шведска го има адутот. Викинзите имаат бод повеќе, што значи дека може да калкулираат и со реми вечерва.

Романија нема што да чека. Домаќините мора да нападнат и да одат на освојување на трите бода. Тоа може да донесе и контраефект бидејќи противникот е многу опасен. Дури и да победи Романија, Шведска делува дека има подобри шанси бидејќи во последното коло од групата игра дома против Фарски Острови, додека Романија ќе гостува кај Шпанија.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

Босна и Херцеговина – Италија (20:45 ч.)

Пред неколку месеци БиХ ја намачи Италија на гости. Аѕурите победија со 2:1, и тоа со пресврт во второто полувреме. Мечот е речиси без никакво значење бидејќи Италија е сигурно прва, а БиХ нема шанси за место на ЕП. За гостите ќе биде предизвик да продолжат со перфектниот биланс (сега имаат 8 победи во 8 меча), додека БиХ сигурно ќе сака да одигра уште еден добар меч против големиот ривал.

Италија во просек дава повеќе од три гола на меч во овие квалификации, а и домаќините имаат добар просек од над два гола на дуел, па затоа и може да се очекува ефикасна игра.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Швајцарија – Грузија (20:45 ч.)

Меч од најнеизвесната група во квалификациите. За Швајцарија нема друг избор освен победа против селекцијата која нема шанси. Со триумф, Швајцарците ќе бидат пред Ирска, која сега има бод повеќе, но и меч повеќе. Данска исто така е во игра во оваа група. Данците играат против Гибралтар и треба да освојат три бода.

Во последното коло Швајцарија ќе гостува кај Гибралтар, што значи дека го имаат „џокерот“ во свои раце. Со две победи, против Грузија и Гибралтар, тие ќе бидат дел од ЕП. Во март оваа година Швајцарија со 2:0 победи на гости кај Грузија, па сега се очекува уште во првиот дел да најави нов триумф.

Предлог тип: 1-1- 3+ (2.28)

 

Бразил – Аргентина (18 ч.)

Фудбалска класика на двата јужноамериканските гиганти ќе се игра на неутрален терен во Ријад. Кај Гаучосите се очекува да се врати Лионел Меси, кој беше казнет поради инцидентот на Копа Америка, кога поради навреди заработи тримесечна суспензија.

Бразил ќе биде без повредениот Нејмар, но и покрај тоа, Кариоките ја имаат улогата на фаворити бидејќи имаат четири победи во последните шест меча со големиот ривал.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.90)

 

Унгарија – Уругвај (19 ч.)

Уругвај гостува во Будимпешта кај Унгарија, во дуел на две селекции кои имаат играно повеќе од 50 години меѓу себе. На шест од последните седум меча Унгарија дава барем еден гол. Уругвај има седум победи и четири нерешени во последните 11 дуели, па сигурно и овојпат ќе сакаат да ја продолжат оваа убава низа.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.08)

 

Во Sport Life во понудата за Квота на денот може да ги одиграте и:

Ерменија – Грција Х2 &2-4 (2.20)

Црвена ѕвезда – АСВЕЛ 1&>147,5 (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести